Утрински Весник
Свет

Борел: Почитувајте ги обврските преземени во дијалогот

Борел: Почитувајте ги обврските преземени во дијалогот

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел, објави дека во одвоените разговори во Париз со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со премиерот на Косово, Албин Курти, ја истакнал потребата да се почитуваат сите преземени обврски. во рамките на дијалогот.

dobivaj vesti na viber

Целта на средбите беше да се одговори на предизвиците во односите меѓу Белград и Приштина. Разговорите се фокусираа на помош за изнаоѓање итно потребни решенија за актуелната криза и одржување на мирот и стабилноста на теренот.

„Обезбедувањето мир и стабилност на теренот во овој критичен момент е од клучно значење“, напиша Борел на „Твитер“ по средбата.

Борел напиша и дека имал интензивни разговори со Вучиќ и Курти за начините за подобрување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

Можете да прочитате

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

Билд: Трамп сака утре прво да има тет-а-тет средба со Зеленски, а потоа и со европските лидери

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа