Утрински Весник
Македонија

Османи-Ринкевич: Во услови на нарушена европска безбедност, неопходни се мудри одлуки, единство и солидарност

Османи-Ринкевич: Во услови на нарушена европска безбедност, неопходни се мудри одлуки, единство и солидарност

Својата билатералната посета на Република Латвија министерот за надворешни работи Бујар Османи ја заокружи со средба со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс.

dobivaj vesti na viber

На средбата Османи ги поздрави континуираните заложби на Латвија како дел од „Групата на пријатели за проширување” за одржување на динамиката во процесот на проширување на ЕУ, заблагодарувајќи се за принципиелната поддршка од официјална Рига за нашата европска перспектива.

„Eвропската идеја на Балканот ќе биде заокружена само доколку процесот добие вистинска валоризација преку интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија” порача Османи, брифирајќи го соговорникот за активностите поврзани со тековниот скрининг-процес, како значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Унијата.

Ринкевичс повтори дека Латвија останува силен поддржувач на Северна Македонија, охрабрувајќи ја нашата земја да продолжи со реформите и посветено да ги зајакнува капацитетите како клучен елемент за успешноста на пристапните преговори. Ринкевичс истакна дека Рига високо го цени усогласувањето на Северна Македонија со санкциите на ЕУ како одговор на руската инвазија на Украина, со очекување дека поддршката и соработка ќе продолжи и понатаму.

Двајцата министри се согласија дека во услови на нарушена европска безбедност и зголемување на ризиците од аспект на стабилност и безбедност, како резултат на руската инвазија на Украина која трае веќе цели 8 месеци, неопходни се мудри одлуки, единство и солидарност меѓу сите чинители. Заедничко заклучија дека сојузништвото и обединетоста во НАТO се од примарно значење.

На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на економските релации меѓу двете земји, како и за мултилатералната соработка, особено во светло на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ следната година.

Двајцата министри потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Република Латвија, кој ќе овозможи поблиска соработка на експертско ниво.

Можете да прочитате

Закани кон независните од Битола: Објавена фотографија со пиштол!

На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови

Кривична пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари