Утрински Весник
Македонија

(Видео) Експлозија ги разбиудила студентите во „Пелагонија“: „Вознемирени сме, многу силно пукање беше“

(Видео) Експлозија ги разбиудила студентите во „Пелагонија“: „Вознемирени сме, многу силно пукање беше“

Студентите во студентскиот дом „Пелагонија“ се силно вознемирени од утринскиот инцидент во кој две лица ја искршија и потоа ја запалија канцеларијата на директорот Агим Фејзулаху.

dobivaj vesti na viber

Студентите кои се сместени во собите на приземје веднаш до канцеларијата на директорот за „Макфакс“ рекоа дека околу 9.30 часот ги разбудиле силни удари и гласна експлозија.

„Во 9.30 се случи. Ние спиевме и тоа не разбуди. Слушнавме добри десет силни удари од некое лице и одеднаш слушнавме силна експлозија. Прозорците се искршија. Не сме повредени, само вознемирени. Многу силно пукање беше. После ударите со тврд предмет слушнавме само глассови “бомба, бомба“ од студентките над нас“, рече еден од студентите кој сакаше да остане анонимен.

При експлозијата нема повредени, но има голема материјална штета. Студентите не ги виделе лицата што го сториле делото, но чудно им било што обезбедувањето задоцнило со реакцијата.

„Чудно е тоа што имаше сериозни удари, а никој од обезбедувањето не дојде, траеше околу 20 секунди. Мислевме дека работат нешто и туркаат нешто, но по експлозијата која не извади од памет, сфативме дека се работи за насилен напад. Причините не ни се познати затоа што ние не го познаваме ниту директорот“, рекоа за „А1он“ студентите од собите близу канцеларијата.
МВР пак соопшти дека поранешно вработено лице во студентскиот дом „Пелагонија“ заедно со уште едно лице, по претходна расправија со директорот Агим Фејзулаху кој е кадар на ДУИ, ја искршило и запалило канцеларијата утрово околу 9.30 часот.
„Сиректорот пријавил дека по претходна расправија, од страна на Н. Ј. поранешен вработен во домот и уште едно лице била фрлена запалива течност, при што настанал пожар“, соопштија од МВР.

Од МВР велат дека нема повредени до моментот на пријавувањето, а пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје.

Орце Костов

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Се развива спортската инфраструктура во државата

Левица: ЕСМ со скандалозен тендер за фирмата „Пуцко Петрол” од ДУИ

ВЛЕН: 23 години лаги, доста е