Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека не ја „треснал вратата“ на потенцијалните мировни преговори со Руската Федерација.
„Не ја треснав вратата. Реков дека ќе бидеме подготвени да разговараме со Русија – но со друга Русија. Оној кој е навистина подготвен за мир. Оној кој е спремен да признае дека тие се окупатори… Но само ако вратат сè. Земја, права, слобода, пари. И што е најважно, правда“, рече Зеленски во интервју за Си-ен-ен што беше објавено вчера.
Тој додава дека засега освен ултиматум, ништо друго не слушнал од актуелниот претседател на Руската Федерација Владимир Путин.
„Досега не сум слушнал дека се подготвени да ги прифатат условите на Украина – ниту од Путин, ниту од кој било друг руски функционер“ – рече Зеленски.