Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шаќири: Се зголемува бројот на инклузирани ученици во однос на оние кои учат во специјалните училишта

Шаќири: Се зголемува бројот на инклузирани ученици во однос на оние кои учат во специјалните училишта
Img 7972

Децата со попречености имаат сé поголеми можности и услови да посетуваат редовна настава, со што се зголемува бројот на инклузирани ученици во однос на оние кои учат во специјалните училишта, односно во сегрегирана средина. МОН постојано работи на изнаоѓање системски решенија со кои обезбедувајќи услови и материјални и човечки, ќе се избегне досегашниот систем на паралелно образование, односно редовни и специјални училишта, изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на средба со регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Афшан Кан која е во посета на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

„ Токму овие т.н. специјални училишта ги трансформиравме во основни училишта со ресурсни центри, кои треба да бидат поддршка на основните и средните училишта за непречена инклузија на учениците со атипичен развој, со што ќе бидат дел од редовниот образовен процес во земјава, додаде Шаќири.

Де-институционализацијата, истакна министерот, во нашето општество, во последниве нeколку години се реализира правопропорционално со инклузијата на учениците со посебни образовни потреби. Министерот Шаќири, напомена дека министерството континуирано работи и на подигнување на нивото на инклузивност на образовниот систем и создавање училишна клима каде вистински се прифаќаат децата со атипичен развој.

Со новиот Закон за основно образование, потенцираше тој, услугата образовна асистенција e обврска на државата.

средно образование, изиави Шаќири, додавајќи дека во меѓувреме, образовните асистенти за средношколците се ангажираат преку програма за општинско корисна работа.

Можете да прочитате

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши и таму водат фирми

Клековски: Недостигаат 52 матични доктори во руралните подрачја, со измени на правилникот до поволни услови за отворање ординации и охрабрување на младите доктори да почнат таму да работа

ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче