Утрински Весник
Македонија

Ќе се отстранува бутикот на улица Македонија што беше направен во стакленик за пушење

Ќе се отстранува бутикот на улица Македонија што беше направен во стакленик за пушење

Градежен инспектор на Општина Центар издаде решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица Македонија да ја отстрани и да го врати локалот во првобитната состојба.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за бутик направен на местото на поранешна тераса на кафуле, спроти Мајка Тереза. Земјиштето е во сопственост на државата, а јавната површина може да се користи за летни тераси на кафулиња, но не и за бутици и продавници.

„Постапувајќи по службена должност, инспекторот изврши увид, состави записник, по кој сопственикот беше повикан во Општина Центар да ја достави потребната документација на увид. Откако сопственикот не се појави во општината, овластениот градежен инспектор донесе решение за отстранување на градбата“, соопшти општина Центар.

Доколку сопственикот на објектот не ја отстрани доградбата на локалот во законски зададениот рок, истата ќе биде административно извршена и отстранета.

Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди