Утрински Весник
Свет

Шпанија испраќа системи за противвоздушна одбрана во Украина

Шпанија испраќа системи за противвоздушна одбрана во Украина

Шпанија ќе испрати во Украина уште два система за противвоздушна одбрана HAWK од американско производство, изјави денеска шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес.

dobivaj vesti na viber

„Можам да ви кажам дека ќе бидат испратени уште два фрлача. Ова е одговор на многу конкретно барање што ни го испратија НАТО и Украина“, изјави Роблес за новинарите во Мадрид, пренесува „Ројтерс“.

Шпанската министерка рече дека покрај системот за лансирање ракети „земја-воздух“, државата ќе испрати и батерија од шест лесни хаубици и ќе ги обучи Украинците за нивно користење.

Таа додаде дека Шпанија ѝ помага на Украина бидејќи таа земја има право на самоодбрана.

Можете да прочитате

Виткоф: Путин за првпат се согласи на безбедносни гаранции за Украина

Илјадници Американци протестираа против плановите на републиканците за ново прекројување на изборните единици

Хамас го отфрла планот на Израел за преселувања во Газа