Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

ЕУ нема да прифаќа руски пасоши издадени во Грузија и Украина

ЕУ нема да прифаќа руски пасоши издадени во Грузија и Украина
300x250 opst2

Европскиот совет одлучи да не се прифаќаат патните исправи на руски државјани издадени во Украина и Грузија.

dobivaj vesti na viber

„Руските патни документи издадени на лица кои живеат во региони под руска окупација во Украина или отцепени територии во Грузија нема да бидат прифатени како валидни патни документи за добивање виза или преминување на границите на Шенген зоната“, соопшти Европскиот совет.

Советот образложи дека одлуката е одговор на руската воена агресија врз Украина и нивната практика на издавање пасоши на руски жители од окупираните региони.

„Ова се случува и поради едностраната одлука на Русија да ја признае независноста на грузиските територии Абхазија и Јужна Осетија во 2008 година“, додаваат тие.

Одлуката сепак мора да биде формално потврдена од Европскиот парламент и земјите-членки.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа