Утрински Весник
Свет

(Видео) Кадиров ги повика муслиманите да се борат против Украина

(Видео) Кадиров ги повика муслиманите да се борат против Украина

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ги повика сите муслимани и христијани да се здружат во, како што рече, „светата војна“ против Украина, и на крајот ја изрази својата желба за смрт на себе и на неговите деца.

dobivaj vesti na viber

„Ги повикувам сите муслимани во Чеченија, ајде да направиме баталјони заедно. Ќе ве снабдувам, ќе ве облечам, ќе ве вооружам… Мора да се борите, да ги браните интересите на нашиот сакан пророк, Куранот, државата, суверенитет“, вели Кадиров во видеото во кое се снима додека лежи на каучот.

Чеченскиот лидер додава дека секој татко и мајка треба да ги праќаат своите синови во војна за да ги бранат интересите на муслиманите и христијаните.

„Разбудете се, бидете муслимани, мажи. Ова е света војна. Сонувам да умрам во неа, моите деца да загинат во оваа војна. Алаху Акбар, моќта на победата е со нас“, рече тој.

Можете да прочитате

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран