„Tрет ден молк од Јован Деспотовски за катастрофалните резултати кои Македонија ги бележи последните пет години на полето на странските инвестиции. Новите факти кои денес ќе ги објавиме се однесуваат на Извештајот објавен од ДЗР каде се нотираат многу работи за кои очекуваме конкретни одговори“ вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Донесените уредби по кои се доделува индивидуалната помош на корисниците на ТИРЗ и на индустриските зони не содржат транспарентни критериуми за висината на доделување на државната помош, со вклучени индикатори за мерење на ефектите од нејзиното доделување, давање на приоритети, не постои ниту пропишан систем на контрола и оцена на исплатливоста на инвестициите. Со извршената ревизија констатирано е дека доделувањето на државната помош се врши со преговарање од страна на вклучените надлежни државни органи со склучување на поединечен договор со секој корисник. Тука се поставува прашањето дали лично Деспотовски како директор на надлежната Дирекција е вклучен и заслужен за секој договор што го преговара и што е причината за стравот да ги објави тие договори?“ вели Митева.
Таа вели дека „прашањето на кое Деспотовски треба да одговори се однесува на тоа колку од овие нови работни места се од компании кои Деспотовски ги донел во Македонија или пак кои се компаниите со најголеми просечни плата и што има Деспотовски конкретно и практично направено, со кои јасни мерки за ова се да случи. Одговорот е ништо“.
„Во Извештајот на ДЗР е нотирано дека од страна на Дирекцијата преземени се почетни активности за изработка на нов Закон за ТИРЗ чија цел е реорганизација на начинот на вршење на дејностите во ТИРЗ и доделување на државната помош. Тука пак Деспотовски треба да одговори како можат да се воведуваат нови пристапи и концепти за зоните, а во позадина да има само „почетни активности“ за изработка на нов Закон за зоните?“ напомена Митева.