Утрински Весник
Магазин

Уметничка колекција на коосновачот на „Мајкрософт“, Пол Ален, надмина 1.5 милијарди долари на аукција во Њујорк

Уметничка колекција на коосновачот на „Мајкрософт“, Пол Ален, надмина 1.5 милијарди долари на аукција во Њујорк

Приватна колекција уметнички дела во сопственост на починатиот коосновач на „Мајкрософт“, Пол Г. Ален, во средата достигна рекордна вредност од над 1.5 милијарди долари и стана најголемата продажба на еден сопственик во историјата на аукциите.

dobivaj vesti na viber

Дела на Жорж Сеурат, Пол Сезан, Винсент ван Гог, Пол Гоген и Густав Климт беа продадени за над 100 милиони долари во ноќта со рекорди на „Кристис“ во Њујорк, пренесува Си-ен-ен.

Опфаќајќи 500 години историја на уметноста, приватната колекција на Ален е на понуда две ноќи, а сите приходи ќе бидат наменети за филантропски цели, соопшти аукциската куќа.

„Кристис“ првично процени дека повеќе од 150 дела ќе се продадат за вкупно 1 милијарда долари, но значајната сума беше надмината уште пред крајот на првиот ден.

Продажбата на уметничка збирка во сопственост на Ален, кој почина во 2018 година, ја надмина историската граница од 1 милијарда долари во средата вечерта, пренесуваат американски медиуми, додавајќи дека истата вечер биле постигнати низа рекордни вредности за делата на Ван Гог, Сезан и Гоген.

И покрај економската неизвесност поради војната во Украина и инфлацијата, пет слики беа меѓу малата група дела продадени за повеќе од 100 милиони долари на аукција одржана во „Рокфелер центарот“ на Менхетен, потврда дека пазарот на уметнички дела сè уште напредува.

Најскапата од нив, „Позерки“ (мала верзија) (1888 година) од Жорж Пјер Сера, слика која се смета за ремек-дело на поентилизмот, е продадена за 149.2 милиони долари, соопшти аукциската куќа „Кристи’с“.

Од „Кристис“ најавија дека вкупната сума од продажбата ќе биде наменета за хуманитарни цели.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста