Утрински Весник
Македонија

Нуредини: Го зајакнуваме партнерство со УНОПС во справувањето со историски жешките точки во државата

Нуредини: Го зајакнуваме партнерство со УНОПС во справувањето со историски жешките точки во државата

Во рамките на учеството на климатскиот самит COP 27 во Египет, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со вршителот на должност извршен директор на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги УНОПС Јенс Вандел

dobivaj vesti na viber

На состанокот се дискутираше за интензивирање и проширување на соработката со УНОПС (во рамките на нивниот мандат) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки.

Министерот се заблагодари за досегашната соработка во спроведување на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС и упати барање активностите да се прошират и на други подрачја од ризик за човековото здравје и животната средина, преку преглед и надополнување на постоечката документација и изработка на изведбени проекти.

Заемно беше потврдено дека УНОПС може да помогне и во имплементацијата на други проекти од интерес на министерството и државата преку користење на нивните единици за набавки и управување со проектен циклус.

Можете да прочитате

Зајкова: Законот за електронска нараквица веќе се спроведува во БиХ

Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачите

Пронајдена дрога во Гостивар, уапсени три лица, следува пријава