Утрински Весник
Свет

Евакуирани луѓе, тропска бура се приближува до Бахамите

Евакуирани луѓе, тропска бура се приближува до Бахамите
Dik 300x250 mk

Десетици луѓе беа евакуирани од чувствителните локации во северозападниот дел на Бахамите додека тропската бура Никол денеска се приближи до островот.

dobivaj vesti na viber

Се додава дека жителите на Флорида исто така се подготвувале за бурата, која може да зајакне до ураган, што е многу ретка појава во ноември, пренесува АП.

„Очекуваме дека бурата ќе стане ураган кога ќе се приближи до северозападните Бахами и ќе остане така додека да стигне до источниот брег на Флорида“, рече Даниел Браун, виш специјалист за урагани во Националниот центар за урагани во Мајами.

Никол е првата бура на Бахамите по Доријан, разорниот ураган од петта категорија, кој го погоди архипелагот во 2019 година.

Официјални лица на Бахамите рано денеска соопштија дека само неколку луѓе се наоѓаат во повеќе од дваесетина активирани засолништа, а поплави и прекини на струја биле пријавени во Абако пред пристигнувањето на бурата.

„Ги замолуваме луѓето да го сфатат тоа сериозно и да не чекаат до последен момент“, рече Андреа Њуболд од Единицата за управување со катастрофи за социјални услуги.

Се вели дека на жителите во најмалку три окрузи на Флорида им било наредено да ги евакуираат оддалечените острови и ниските области, како и мобилните домови, а наредбите за евакуација стапиле во сила утрово.

Можете да прочитате

САД и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво од 114 милиони долари

Захарова го исмеа Бајден – 24info.mk

Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка