Утрински Весник
Свет

Не смееме да ја потценуваме Русија, рече првиот човек на НАТО

Не смееме да ја потценуваме Русија, рече првиот човек на НАТО
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја коментираше најавата на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, дека ќе им нареди на своите војници да се повлечат од Херсон.

dobivaj vesti na viber

„Охрабрувачки е да се види колку храбрите украински сили ослободуваат се’ повеќе украинска територија. Победите, придобивките што ги постигнаа украинските вооружени сили им припаѓаат на храбрите украински војници, но секако важна е и поддршката што ја добиваат од Обединетото Кралство, од сојузниците и партнерите на НАТО“, рече Столтенберг.

„Тоа е дел од целокупната шема или слика што ја видовме во текот на минатиот месец. Русија апсолутно го загуби моментумот. Но, не треба да ја потценуваме Русија, тие сè уште имаат опции“, додаде тој.

„Видовме беспилотни летала, видовме ракетни напади. Тоа покажува дека Русија сè уште може да направи голема штета“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп