Утрински Весник
Македонија

Камчев е на слобода

Камчев е на слобода

Бизнисменот Јордан (Орце) Камчев е на слобода. Кривичниот суд му ги споил двете затворски казни за случаите „Империја“ и „Плацови на Водно“ и му ги намалил за четири месеци.

dobivaj vesti na viber

Од две години тој имал за издржување една година и осум месеци. Бидејќи во казните му се засметани и деновите поминати во ефективен притвор од вкупно 11 месеци и времето поминато во домашен притвор, бизнисменот заврши со издржување на казните.

Камчев во затворот во Струга помина четири месеци и шест дена. Во затворот во Шуто Оризари помина еден месец и 17 дена, а потоа девет месеци и 22 дена. Вкупно тој има издржано една година и три и пол месеци. Преостанатиот период го има поминато во куќен притвор.

Камчев призна вина во случајот „Империја“, каде што се спогоди со Обвинителството. Тој плати и 5 милиони евра. Во случајот „Плацеви на Водно“, Камчев беше осуден на казна од една година за делото перење пари.

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба