Утрински Весник
Македонија

Полицајци се повредиле во спасувачката акција на Титов Врв, починатиот планинар извлечен со хеликоптер

Почина еден од планинарите кои паднаа во провалија кај Титов Врв
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата објави детали за спасувачката акција што се одвиваше вчера на Титов Врв, пришто загина еден од двајцата планинари.

dobivaj vesti na viber

„Ф.Н.(24) од Куманово пријавил дека движејќи се со С.Ф.(28) од Белгија, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, С.Ф. паднал од карпа во бездна и се повредил, но дека поради непристапниот терен и маглата Ф.Н. не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне. Набргу по пријавувањето беше организирана спасувачка потрага по двете лица во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово и други лица, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место. По извесно време спасувачките екипи го пронашле Ф.Н. и го пренеле во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, a двајца припадници на МВР се повредиле во акцијата“, објави полицијата.

С.Ф., денеска претпладне беше пронајден починат и со хеликоптер на МВР беше извлечен од местото каде паднал вчера. Јавен обвинител и полициска екипа извршија увид и се расчистува и документира случајот.

Можете да прочитате

ДИК ги подготвува повторените локални избори за 11 јануари 2026

Држела ќерка во раце и молела за помош, полицаецот и рекол дека „не е обучен за тоа“ сведочи Наунова

Во мое присуство се распрашуваа дали ќе има полициска рација сведочеше Наунова