Утрински Весник
Спорт

Асенсио e незадоволен од понудата на Реал Мадрид за нов договор

Асенсио e незадоволен од понудата на Реал Мадрид за нов договор

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Марко Асенсио, е незадоволен од понудата на клубот за нов договор. Актуелната соработка истекува на лето, а постојано се појавуваат различни информации во врска со желбата на играчот да остане или да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

dobivaj vesti na viber

Реал се обидува да ја намали платата на Асенсио. Тој моментно заработува 5 милиони евра по сезона, но клубот сака тој повторно да потпише за помала сума. Сепак, Асенсио не е задоволен со овој предлог, а истото важи и за неговиот агент Жорге Мендеш.

За Асенсио има сериозен интерес и од други клубови кои се подготвени да му излезат во пресрет на финансиските барања. Во последните месеци неговото име се поврзуваше со Барселона, Милан, Њукасл, Ливерпул и со Манчестер Јунајтед.

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата