На сите добри работи им доаѓа крај, па не е исклучок и „ламборџини“, кој ќе се збогува од моделот „авентадор“ по повеќе од една деценија, финализирајќи го производството на суперавтомобилот со врвна почит за еднократниот концепт Miura Roadster.
Гледајќи напред, неговата замена е сè поблиску со оглед на тоа што извршниот директор на компанијата изјави за „Еј-би-си њуз“ дека новиот водечки модел ќе има премиера на крајот на март 2023 година. Стефан Винкелман повтори дека ќе тоа ќе биде плагин-хибрид (plug-in hybrid) со комплетно нов V12 мотор.
Прототип на наследникот на „авентадор“
Иако до официјалното деби има неколку месеци, нарачките се веќе отворени и речиси 3.000 луѓе се потпишаа на испрекинатата линија за да го преземат новиот суперавтомобил.
Официјален извор од Сент’ Агата Болоњезе вели дека само неколку луѓе добиле можност да го видат автомобилот, кој покажува знаци на ран комерцијален успех.