Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што ништо не сработиле, немаат инвестиции, немаат проекти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ Градоначалниците на Струмица, Валандово, Дојран, Пробиштип, Делчево, Берово, немаат отчети затоа што не направиле ништо. Една година се на власт, а дел од нив и втор мандат, а општините кои ги водат се застанати во времето. Градоначалниците од СДС, се исти како и дезертерот Ковачевски и неговата неработлива и неспособна влада.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ има реализирано проекти од над 120 милиони евра. Тоа е скоро колку што цела влада има направено со многу поголем буџет. Фокусот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е инфраструктурата, образованието, културата и спортот. Општините се претворени во сервис на граѓаните, а градоначалниците се помеѓу народот.
Граѓаните јасно ја гледаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, затоа и победата ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе биде уште поубедлива“ велат од партијата.