Утрински Весник
Спорт

Судот со конечна одлука – Еквадор ќе игра на СП во Катар

Судот со конечна одлука – Еквадор ќе игра на СП во Катар

Судот за арбитража во спортот (ЦАС) ја отфрли жалбата на Чилеанската фубалска федерација за случајот на еквадорскиот фудбалер Бајрон Кастилјо и неговата достапност за еквадорската репрезентација, така отфрлајќи ги сите шпекулации дека тие ќе бидат исфрлени од првенството.

dobivaj vesti na viber

Сомнежите дека Кастилјо лажел за својата возраст и за тоа каде е роден неколку месеци ја окупираат фудбалската јавност во Јужна Америка, а откако ФИФА двапати ја отфрли жалбата на Чиле, последна шанса за Чиле за можен настап во Катар беше Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Швајцарија.

Интересно е што ЦАС во својата одлука потврди дека Кастилјо навистина е роден во Колумбија и дека Федерацијата е виновна за фалсификатот, но дека немаат вина во одлуката да го постават во својата репрезнтација.

„Во случајот, иако е вистина дека пасошот на фудбалерот бил леглен, информациите во него не биле вистинити. Тој е роден во Тукмаако, Колумбија, на 25 јуни 1995 година, но Еквадор не го прекрши одделот 22 од дисциплинскиот код на УЕФА бидејќи тој беше достапен за нивната репрезентација. Националноста на еден фудбалер одредува дали тој е достапен за настап според локалните закони и тој смеел да игра за Еквадор“, се вели во одлуката на ЦАС.

Еквадор е во групата А на СП заедно со домаќинот Катар, Холандија и Сенегал.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина