Утрински Весник
Свет

Белата куќа: Изјавата на Евгениј Пригожин не не изненадува

Белата куќа: Изјавата на Евгениј Пригожин не не изненадува

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер денеска изјави дека Белата куќа не е изненадена од изјавата на рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин, кој рече дека се мешал во изборите во САД и ќе продолжи да се меша.

dobivaj vesti na viber

„Тие коментари… не ни кажуваат ништо ново или изненадувачки“, им рече Жан-Пјер на новинарите, пренесе Ројтерс.

Се мешав и ќе се мешам во американските избори, изјави рускиот олигарх Пригожин во пресрет на денешните избори за американскиот Конгрес.

Можете да прочитате

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата

Белгород погоден од украински беспилотни летала – еден убиен, 14 ранети