Утрински Весник
Македонија

Ковачевски по четиричасовната лидерска средба: Отворена дискусијa без заеднички заклучоци

Ковачевски по четиричасовната лидерска средба: Отворена дискусијa без заеднички заклучоци

После четири часа заврши лидерската средба за која премиерот Димитар Ковачевски истакна дека била отворена дискусија но без конкретни заеднички заклучоци.

dobivaj vesti na viber

– Пред нас стојат многу предизвици и затоа важна е деблокадата на Собранието за да се донесат важни реформи. Не смееме да дозволиме уставните измени да бидат пречка која сами ќе си ја поставиме. Да бидеме мудри и да го искористиме поволниот момент во ЕУ. Не е време за поделби. Ќе се формира собраниска група која ќе се грижи реформите да не стојат во место. Првиот приоритет е европскиот пат па интересите на политичките партии. Никој нема да биде кочничар – рече Ковачевски лидерската средба во Собранието која ја иницираше тој, а ја прифатија речиси сите политички партии.

На лидерската се дискутираше за европската иднина на Македонија и за потребата од политички и општествен консензус за уставни промени кои се услов за преговорите со ЕУ.

На средбата присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на ДУИ, Али Ахмети, како и сите лидери на помалите политички партии, освен лидерот на Левица, Димитар Апасиев и претседателот на Движењето Беса.

Можете да прочитате

Од ноќва зимско време: часовниците се поместуваат од 3 на 2

Уапсен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч

Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк