Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Јол: На одговорност ќе бидат повикани сите функционери кои се прогласени за виновни

(Видео) Стампедо на Ноќта на вештерките во Сеул: Над 50 луѓе доживеаја срцев удар
Img 7972

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол им се извини на граѓаните за трагичната несреќа за време на Ноќта на вештерките во Сеул, во која загинаа 156 лица и вети дека ќе ги повика на одговорност сите функционери кои се прогласени за виновни, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

„Жал ми е и им се извинувам на ужалените семејства погодени од оваа неописива трагедија и на луѓето кои ја споделуваат нивната болка и тага со нив“, рече Јол.

Додаде дека не се осмелува да се споредува со родителите кои изгубиле синови и ќерки, но дека „како претседател кој има должност да ги штити животите и безбедноста на луѓето, неговото срце е скршено“.

Полицијата се соочи со остри критики од јавноста за непрофесионалниот одговор пред и за време на трагедијата, бидејќи испрати само 137 полицајци во спорната област, и покрај претходните проценки дека ќе се соберат околу 100.000 луѓе.

Трагедијата се случила вечерта на 30 октомври за време на прославата на празникот Ноќта на вештерките, кога се случи стампедото.

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди