Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Пендаровски: Извештајот на УНДП ги посочува критичните точки на кои мора да се фокусираме

(Видео) Пендаровски: Извештајот на УНДП ги посочува критичните точки на кои мора да се фокусираме
Img 7972

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше домаќин на презентацијата на Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), насловен како „Неизвесни времиња, несигурни животи, обликување на нашата иднина во светот што се менува“.

dobivaj vesti na viber

Осврнувајќи се на негативните тенденции кои преовладуваат како резултат на низа надворешни влијанија и внатрешни фактори, претседателот Пендаровски истакна дека извештајот на УНДП ги посочува критичните точки на кои мора да се фокусираме за да надоместиме за изгубените години и да постигнеме повисок степен на развој, односно дека може да биде патоказ во овие несигурни времиња.

„За да ја постигнеме целта: повисоко ниво на човечки развој за сите македонски граѓани потребни се три работи: прво, соочување со реалноста, второ, обмислување на решенија, и трето и најважно, политичка волја да ги направиме неопходните промени. Индексот на УНДП нè соочува со реалноста. Развојните стратешки документи ни ги даваат решенијата. Започнатите преговори за членство во Европската Унија значат дополнителен мотив за суштински реформи“, рече претседателот во обраќањето.

На настанот се обрати и постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григорјан, а извештајот беше презентиран од страна на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).

Можете да прочитате

Возеле цик-цак, полицијата им нашла 110 грама кокаин – Две лица од Брвеница осомничени за трговија со дрога

„Газат кал, немаат вода“ СДСМ најавува нов почеток за Куманово со Мартин за градоначалник

Прегазени две девојчиња на 12 и 13 години: тешка несреќа во Скопје