Утрински Весник
Македонија

Здравствен извештај на Штада за ноември 2022 година – Европејците ги загрижува сезоната на грип

Здравствен извештај на Штада за ноември 2022 година – Европејците ги загрижува сезоната на грип

Зголемениот страв од секаков вид вирусни инфекции е една од последиците од панедмијата на ковид 19, покажува здравственото истражување на компанијата Штада, кое опфати над 30 000 испитаници во 15 земји, меѓу кои е и Србија.

dobivaj vesti na viber

Ладните есенски денови ја отвораат сезоната на настинки и грип. По две години пандемија со ковид, многумина Европејци чувствуваат непријатност и на самото спомнување на поимот вирусни инфекции, стравуваат и од нови мутации на вирусот корона и од други слични инфекции.

За третина маските се посакувани

Во Србија, резултатите на Штадиното истражување покажуваат дека 45 % од граѓаните имаат намера и понатаму да држат растојаније како мерка за заштите од респираторни инфекции, 36 % ќе продолжат редовно да ги дезинфицираат рацете, а третина од нив секојдневно ќе носат маски.

Иако маските во повеќето земји веќе не се задолжително средство за заштита, многу се посакувани и меѓу Шпанците – 52 %, Португалците – 44 % и Италијанците – 41 %.

Истражувањето открива и дека денес 43 % од Европејците се загрижени како ќе реагира околината доколку киваат и кашлаат во јавност. Оваа грижа е посебно изразена меѓу Австралијанците (55 %), Португалците (53 %) и Србите (52 %), додека за туѓото мислење по ова прашање помалку се грижат Германците (39 %), а уште помалку Шпанците (30 %).

Србите ги сакаат додатоците во исхраната

Водејќи се од народната поговорка подобро да се спречи отколку да се лечи, Европејците најчесто земаат витамински и минерални суплементи за да го зајакнат имунолошкиот систем и да избегнат кашлање, кивање или зголемена температура. Додатоците во исхраната, доколку се земаат редовно и во препорачаната доза, секако дека можат да бидат поддршка на јакнењето на одбранбената сила на организмот. Штадиното истражување покажува дека витаминските и минерални препарати се најпопуларни во Источна Европа и на Балканот. Почесто ги користат жените (54 %) отколку мажите (44 %).

Граѓаните на Србија предводат во наклоноста кон додатоците на исхрана, па дури 69 % од нив земаат препарати за јакнење на имунолошкиот систем. Во чекор ги следат Чесите со 66 %, Романците со 64 % и Полјаците со 59 %.

На овој вид превенција помалку се склони Германците со 26 %, Французите со 26 %, Холаѓаните со 24 %, Белгијците со 23 %, Австријците со 22 %. Сепак, само нешто помалку од една петтина (18 %) од возрасните Европејци велат дека не земаат никакви додатоци во исхраната.

Кога се во прашање природните лекови и растителни препарати, нив ги користат само 26 % од Европејците во одбрана од вирусни инфекции. Истражувањето во овој случај покажа дека најголеми поборници за природните лекови се граѓаните на Романија со 45 % и Србија со 41 %.

Антрфиле

Веќе деветта година по ред, мултинационалната компанија Штада организира испитување на јавното мислење на европската популација по прашањето за здравствените навики и односот кон здравјето. Со Здравствениот извештај на Штада за 2022 година, опфатени се 15 земји: Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Казахстан, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство.

ПР-текст

Можете да прочитате

ЗНМ и СЕММ: Новинарите имаат одговорност да известуваат професионално и етички во сензитивни ситуации

Јанев: Полицијата е партнер на граѓаните, обврска и задача е да им служи а не да владее

ВМРО-ДПМНЕ: Разбирлива е реакцијата на ДУИ за интерпелација на Тошковски, бидејќи сценарието за насилство и меѓуетнички тензии им е откриено