Утрински Весник
Свет

Граѓаните на референдум го отповикаа градоначалникот на Франкфурт

Граѓаните на референдум го отповикаа градоначалникот на Франкфурт

Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на германскиот финансиски центар – Франкфурт, преку граѓански референдум е сменет од функцијата, покажаа резултатите од вчерашното гласање.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 95 отсто од гласачите гласаа за отповикување на Фелдман, политичар од централно-левичарската Социјалдемократска партија (СПД). Тој се соочува со обвинувања за корупција и неговиот мандат беше исполнет со гафови. Фелдман го призна поразот. „Ова значи дека во петок повеќе нема да бидам градоначалник“, рече тој.

Конечните резултати официјално ќе бидат познати в петок. Фелдман (64) со месеци е под притисок и му се суди пред судот во Франкфурт поради сомневање за корупција.

Освен тоа, тој е познат и по гафовите, како оној кога во историското градско собрание Ремер му го грабна трофејот од Лигата на шампионите на фудбалскиот тим на Ајнтрахт.

Раководството на Ајнтрахт тогаш го прогласи за непожелна личност на својот стадион.

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени