Утрински Весник
Македонија

Амбасадорот во НАТО, Дане Талески во работна посета на Украина

Амбасадорот во НАТО, Дане Талески во работна посета на Украина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Амбасадори на десет НАТО земји членки, меѓу кои и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески остварија работна посета на Украина.

dobivaj vesti na viber

Целта на посета беше да се демонстрира силна поддршка на Украина во справувањето со предизвиците од руската воена агресија.

Во рамките на посетата, шефовите на делегациите на земјите членки на НАТО остварија средби со вицепремиерката за европски и евроатлантски интеграции на Украина, Олга Стефанишина, шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, заменик-шефот на Кабинетот на претседателот Ихор Жовква, и со Олександр Полишчук, заменик министер за одбрана на Украина.

Од страна на домаќините беше истакната важноста на посетата во момент кога Киев и другите градови се соочуваат со нов бран руски напади со проектили и беспилотни летала. Домаќините се заблагодарија и за солидарноста и за големата поддршка што ја добиваат од сојузниците. Тие информираа за актуелната состојба на фронтот, при што го истакна напредувањето на украинските војници на југот на земјата со цел деокупација на украинските земји.

На состаноците се разговараше и за можностите за евроатлантска интеграција на Украина. Воедно, беше нагласена важноста од понатамошна помош од НАТО, со посебен акцент на Сеопфатниот пакет за помош на Алијансата за Украина.

Исто така, шефовите на делегациите на земјите членки на НАТО ги посетија Хостомел и Буча, каде уште еднаш упатија заедничка порака на солидарност со украинскиот народ, како и силна осуда на руските воени злосторствата, воедно упатувајќи повик за прекин на воените дејствија и целосно повлекување на руските воени сили од украинска територија.

Можете да прочитате

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје

Државниот инспекторат за животна средина во 2025 година направил 1373 инспекции