Утрински Весник
Македонија

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени пет лица

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени пет лица

На 04.11.2022 во 20.00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(21) од Скопје, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

dobivaj vesti na viber

Исто така, во неговиот дом биле затекнати при употреба на марихуана и лишени од слобода М.П.(20), С.Г.(22), В.С.(19) и П.Ѓ.(22), сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври