Утрински Весник
Свет

Авион со 200 патници итно слетал во Билбао, морало да се празни тоалетот

Авион со 200 патници итно слетал во Билбао, морало да се празни тоалетот

Авион кој летал од Канарските острови до Манчестер, Велика Британија со 200 патници морал да направи мало заобиколување за време на летот.

dobivaj vesti na viber

За да можат патниците да одат во тоалет, морале да го прекинат патувањето на два часа и да слетаат на аеродромот во Билбао, во северна Шпанија, каде што бил испразнет тоалетот на авионот, пренесува Sky News.

„Како наградувана авиокомпанија, удобноста и благосостојбата на нашите клиенти се од најголема важност за нас. Се извинуваме ако ова предизвика непријатности“, рече портпаролот на „Jet2“ по непланираното застанување во северна Шпанија.

Авионот полетал од аеродромот на островот Гран Канарија со еден час доцнење. Но, и покрај дополнителните непријатности и доцнењето од повеќе од два часа, патниците немаат право на компензација според европските правила за воздухопловни права.

Неочекуваното слетување до копното на Шпанија било прилично скапо за авиокомпанијата. „Jet2“ ќе плати илјадници евра гориво и дополнителни такси за слетување.

Патниците останале во авионот за време на застанувањето, изјави портпаролот на авиокомпанијата.

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови