Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 % во однос на одлуката од 3.11.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 1,028 %, кај дизелот намалување од 0,871 %, кај екстра-лесното масло намалување од 0,611 % и кај мазутот намалувањето е 0,147 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,250 %.
Малопродажната цена на „евросупер БС-95“ се зголемува 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“, „евродизелот (Д-Е V)“, „мазутот М-1 НС“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од 5.11.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 92,50 (денара/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 94,50 (денари/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 99,00 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар)
– мазут М-1 НС – 50,067 (денари/килограм)