Утрински Весник
Свет

Борел: ЕУ не може да ги стави Кина и Русија на исто ниво

Борел: ЕУ не може да ги стави Кина и Русија на исто ниво

Западните земји треба да ја намалат зависноста од Кина, но не може да ја стават оваа земја во иста категорија со Русија, најави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел.

dobivaj vesti na viber

„Јасно е дека Кина влегува во нова ера на својата надворешна политика, а исто така и на нејзината внатрешна политика. Кина станува многу посамостојна, многу повеќе на сопствениот курс“, им рече Борел на новинарите на маргините на министерскиот самит на Г7 во германскиот град Минстер, пренесува „Ројтерс“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој денеска е во посета на Пекинг, најави дека со кинескиот претседател Шји Џјинпинг ќе разговара за европско-кинеските односи, борбата против климатските промени, економските врски, како и за теми за кои двете земји немаат исти ставови.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно