Утрински Весник
Македонија

Општина Аеродром добива две нови градинки

Општина Аеродром добива две нови градинки

Општина Аеродром денеска објави конкурс за изработка на решение за идејни проекти за изведба на две градинки со што се реализираат ветувањата на Градоначалникот Тимчо Муцунски за решавање на најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, а тоа е недостатокот на места за згрижување на дечињата.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за идејни проекти за двa модерни и современи објекти за згрижување на децата, од кои првиот ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а вториот во непосредна близина на кулите Џевахир.

Водејќи сметка за квалитетот на градбата, посебен акцент при изборот на идејно решение, како и самата изградба на градинките, се става на користењето на најсовремени и квалитетни материјали, енергетска ефикасност на објектот и обезбедување највисоки стандарди за згрижување и реализирање на квалитетен воспитно-образовен процес. Конкурсот е отворен за аплицирање од страна на физички и правни лица.

Апликациите ќе бидат разгледани и оценети од стручна комисија составена од универзитетски професори од факултетот за архитектура, експерти и стручни лица во областа.

Краен рок за достава на конкурсните трудови е 12.12.2022 година (понеделник).

Можете да прочитате

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

Мециновиќ Владата ја гарантира „шансата да изгубиш сѐ” –  коцкањето станува јавно-здравствена криза

На в.д. претседателот на Основниот суд Гостивар одземен му е пасошот