Утрински Весник
Свет

Нетанјаху е победник на изборите во Израел

Нетанјаху е победник на изборите во Израел
Dik 300x250 mk

Бенџамин Нетанјаху победи на изборите во Израел. Неговиот десничарски верски блок обезбеди 64 од 120 места во парламентот по пребројувањето на сите гласови.

dobivaj vesti na viber

Премиерот во заминување Јаир Лапид го контактираше Нетанјаху по телефон за да му посака среќа за доброто на израелскиот народ и државата Израел.

Израел е над сите политички прашања, напиша Лапид на Твитер по телефонскиот разговор. Тој рече дека им наредил на сите министерски канцеларии да се подготват за мирно предавање на власта.

Изборите во вторник беа петти во последните три и пол години, а беа распишани откако осумпартиската владејачка коалиција пропадна во јуни, губејќи го своето мнозинство во парламентот по само 12 месеци, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник