Утрински Весник
Свет

Издадено итно предупредување: Северна Кореја лансираше уште една ракета

Издадено итно предупредување: Северна Кореја лансираше уште една ракета
Dik 300x250 mk

Северна Кореја лансираше уште една ракета, а властите во Јапонија се сомневаат дека станува збор за балистичка ракета.

dobivaj vesti na viber

Во меѓувреме од кабинетот на јапонскиот премиер соопштија дека е издадено итно предупредување.

Северна Кореја утринава повторно истрела повеќе балистички ракети, вклучувајќи и проектил што активираше предупредувачки аларми во неколку делови од централна и северна Јапонија, соопшти претходно денеска официјален Токио.

Јапонската влада првично соопшти дека ракетата ја прелетала територијата на земјата, што подоцна беше демантирано.

Јапонскиот министер за одбрана, Јасуказу Хамада, утринава изјави дека владата ја изгубила ракетата од радарот над Јапонското Море, додека јужнокорејските власти соопштија дека интерконтиненталната балистичка ракета имала „неуспешен лет“, извести агенцијата Јонхап.

Можете да прочитате

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си – Трамп

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција

Независната кандидатка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска