Утрински Весник
Спорт

Саутгејт и ФА го одбија барањето на ФИФА за интервјуа на полувремето

Саутгејт и ФА го одбија барањето на ФИФА за интервјуа на полувремето

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го одби барањето на ФИФА селекторот Герет Саутгејт да дава изјави за медиумите на полувремето од натпреварите на Светското првенство во Катар.

dobivaj vesti na viber

Како што објави „Спортс мејл“, челниците на ФА изминатите недели разговарале за ова барање на ФИФА со селекторот Саутгејт и на крајот заклучиле дека интервју на полувреме ќе значи одземање време. Саутгејт нагласил дека дека периодот помеѓу двете полувремиња од натпреварот е време што сака целосно да го помине со своите играчи.

ФИФА врши голем притисок врз сите 32 земји учеснички да ги прифатат проширените обврски кон радиодифузерите, но интервјуата на полувремето не се задолжителни.

Според „Спортс мејл“, голем број тренери потврдно одговориле на барањето на ФИФА, меѓу нив е и селекторот на Франција, Дидие Дешамп.

ФА потврди дека Саутгејт ќе им биде достапен на новинарите од радиодифузерите и носителите на правата пред и по секој натпревар на Англија на Светското првенство во Катар.

Можете да прочитате

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа

Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ