Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Кралевите“ го торпедираа Селтик, Лајпциг со слатка одмазда кај Шахтјор за осминафинале

„Кралевите“ го торпедираа Селтик, Лајпциг со слатка одмазда кај Шахтјор за осминафинале
Img 7972

Актуелните шампиони од Лигата на шампиони, Реал Мадрид, го потврдија првото место во групата Ф во Лигата на шампинионите со убедливата 5:1 победа над Селтик, додека РБ Лајпциг со одмазничка 4:0 победа на гости кај Шахтјор во Полска, го осигура второто место и пласман во осминафиналето на ЛШ.

dobivaj vesti na viber

По домашниот 1:4 пораз од Шахтјор во првото коло, шансите на Лајпциг за пласман во осминафиналето беа минимални, но со фантастичната 3:2 победа над Реал во минатото коло, тие требаа само да не загубат од украинскиот тим за сигурно второ место. Наместо ова тие стигнаа до доминантна победа. Кристофер Нкунку го отвори резултатот во 10. минута, за во второто полувреме да паднат уште три гола преку Андре Силва (50.), Доминик Собослаи (62.) и автоголот на Бондар (68.).

На „Сантијаго Бернабеу“, првото полувреме беше одбележано со пенали – Реал искористи два, преку Модриќ (6.) и Родриго (21.), додека обидот на Јурановиќ за Селтик во 35. минута заврши во рацете на Тибо Куртоа. Марко Асенсио во 51. минута и Винисиус Жуниор во 61. минута најавија катастрофа на шкотскиот клуб, пред Феде Валверде да зголеми на 5:0 во 71. минута. Утешителен гол за Селтик постигна Жота во 82. минута од мечот.

(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1467-41897”));

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај

Младата репрезентација ги почна подготовките за дуелите со Ерменија и Црна Гора

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел