Утрински Весник
Свет

Српската војска собори дрон

Српската војска собори дрон

Војската на Србија собори дрон над касарната во Рашка, јавуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Претходно беше забележано набљудување и извидување на касарната, па армијата по наредба на врховниот командант дејствуваше и го собори дронот.

Наскоро се очекува соопштение од Војската на Србија.

Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за комерцијален дрон кој го извидувал теренот.

Вчера српскиот претседател Александар Вучиќ издаде наредба дека сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија треба веднаш да бидат уништени. За да се спречат понатамошни непријателски активности, српските „мигови 29“ беа подигнати во акцијата на набљудување и евентуален напад на непријателските авиони. Недолго потоа, забележаните објекти го напуштиле воздушниот простор на централна Србија, пренесоа српските медиуми.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија