Утрински Весник
Спорт

Го соборија неславниот рекорд на Динамо – Ренџерс е најлошиот тим во историјата на ЛШ

Го соборија неславниот рекорд на Динамо – Ренџерс е најлошиот тим во историјата на ЛШ

По синоќешниот пораз на „Ајброкс“ од Ајакс со 1:3, екипата на Глазгов Ренџерс влезе во историјата како најлошиот тим во Лигата на шампионите. „Полицајците“ го надминаа Динамо Загреб, кој сезоната 2011/2012 во Лигата на шампионите ја заврши без бод со гол разлика -19.

dobivaj vesti na viber

Динамо тогаш беше во група со Реал Мадрид, Лион и Ајакс, постигна 3, а прими 22 гола.

Во шест натпревари во групата А од Лигата на шампионите Ренџерс ги забележа сите 6 порази со гол разлика 2-22.

Најтешкиот пораз го претрпе на домашен терен од Ливерпул (7:1).

„Динамо Загреб ја освои непосакуваната титула за најлош тим во историјата на Лигата на шампионите во 2011/2012 година кога без бодови и гол разлика 3:22 ја заврши групата со Реал, Лион и со Ајакс. Наведениот минус 19 без бод сезонава го израмни Викторија Плзењ, но рекордот на Динамо, кој никој не го посакува, сега го собори Ренџерс. Во конкуренција на Наполи, Ливерпул и Ајакс не освоија ниту еден бод со гол разлика 2:22“, пишува британскиот сервис Би-би-си.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина