Фотографија од BMW направена на Денот на сите светци на паркинг во Крапина стана хит на социјалните мрежи.
„Се моли сопственикот да го премести своето возило БМВ бидејќи не можат да се отворат продажните штандови зад него. Што е можно поскоро, затоа што веќе има цветни аранжмани нафрлени околу него“, стои во описот на фотографијата објавена во локална Фејсбук-група.
Возачот се паркирал на обележано паркинг место, а околу неговиот автомобил биле наредени цветни аранжмани. Поради ова некои луѓе се огласија во негова одбрана.
„Дали некаде пишува дека ова е место за штанд? Јас не би ја поместил колата“, „Не мрдај, каде пишува дека ова е место за штандови?“, „Влезот на паркинг требаше навреме да се огради ако е резервирано за штандови“, „Колата е на паркинг, не на пазар“, „Човекот е паркиран на означено паркинг место. Каде е проблемот?“, „Јас тука гледам паркинг, а не шопинг зона“, се дел од коментарите.