Утрински Весник
Спорт

Саутгејт за барањата за исфрлање на Иран од СП: Не сакам да зборувам за политика

Саутгејт за барањата за исфрлање на Иран од СП: Не сакам да зборувам за политика

Англискиот селектор, Герет Саутгејт вели дека неговата позиција значи дека мора да „мисли на последиците“ за било какви политички коментари откако беше запрашан за ситуацијата во Иран и барањето азиската нација да се исфрли од Мундијалот.

dobivaj vesti na viber

Во Иран се постојани протестите по смртта на девојката Махса Амини во септември, откако таа беше уапсена за погрешно носење на шал, и дел од политичките активисти на западот бараат ФИФА да ги исфрли Иранците од Мундијалот во Катар. Англија го започнува Мундијалот токму против Иран на 21 ноември. Саутгејт и англиските фудбалери исто така го навлекоа бесот на организаторите во Катар откако објавија дека капитенот Хери Кејн ќе носи капитенска лента во боите на виножитото во знак на поддршка за ЛГБТ активистите.

„Првата цел е да се креира добар фудблски тим, но секогаш постои можност да се влијае на работите надвор од фудбалот. Кога бевме во ситуација која директно влијае на нас, како расистичките испади во тим со фудбалери од различно потекло, можевме да зборуваме и да направиме разлика. Но, има и други работи кои се потешки без да се мешате во политиката. Имам одговорност како селектор да внимавам на последиците на моите зборови поради позицијата. Исто така мораме да внимаваме дека во другите земји има различни културни разлики. Тоа е компликувана ситуација, а јас не сум универезитетски образован, туку сум човек кој си замина од школо на 16 години да игра фудбал“, вели Саутгејт.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари