Утрински Весник
Свет

Најбогатите Руси изгубиле над 83 милијарди долари во 2022 година

Најбогатите Руси изгубиле над 83 милијарди долари во 2022 година

Богатството на најбогатите руски бизнисмени е намалено за 83,4 милијарди долари од почетокот на 2022 година, покажува објавениот индекс на милијардери на „Блумберг“.

dobivaj vesti na viber

Според пресметката, богатството на Владимир Потањин, претседателот на холдингот „Интерос“ и рударската компанија „Норникел“, сега изнесува 29,8 милијарди долари, што е за 1,08 милијарди долари помалку од почетокот на годината, пренесува Тас с.

Леонид Микелсон, претседател на Управниот одбор на „Новатек“, изгубил пет милијарди долари од јануари 2022 година и неговото нето богатство се проценува на 27,4 милијарди долари. Алексеј Мордашов, претседателот на Управниот одбор на „Северстал“, сега има 21,1 милијарди долари, односно 7,78 милијарди долари помалку отколку на почетокот на годината.

На листата се најдоа и претседателот на Управниот одбор на „НЛМК“, Владимир Лисин со богатство од 20,2 милијарди долари по загуба од 7,8 милијарди долари, потоа поранешниот извршен директор на „Лукоил“ Вагит Алекперов, кој е „полесен“ за 1,86 милијарди долари, и сопственикот Алишер Усманов на „Металоинвест“ со загуба од 3,38 милијарди долари.

Акционерот на „Новатек“ Генадиј Тимченко загуби 8,35 милијарди долари, додека поранешниот неизвршен директор на производителот на ѓубрива, групацијата „EuroChem“, Андриј Мелниченко загубил 3,88 милијарди долари во изминатите десет месеци.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години