Утрински Весник
Свет

Финска премиерка: Сите очи се вперени кон Турција и Унгарија

Финска премиерка: Сите очи се вперени кон Турција и Унгарија

Финската премиерка Сана Марин денеска ги повика Турција и Унгарија што поскоро да го одобрат барањето на Финска и Шведска за членство во НАТО. Унгарија и Турција се единствените две преостанати членки на НАТО кои сè уште не ги ратификувале барањата.

dobivaj vesti na viber

„ Сите очи сега се насочени кон Унгарија и Турција. Чекаме тие земји да ги ратификуваат нашите барања. Мислам дека би било важно тоа да се случи што е можно поскоро“, рече Марин на заедничката прес-конференција со другите нордиски лидери.

Финска и Шведска минатата недела повторија дека истовремено ќе се приклучат на НАТО, претставувајќи обединет фронт пред Турција.

Двете земји поднесоа барање за влез во НАТО во мај како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со приговори од Турција, која ги обвини за пружање засолниште на терористички групи.

Можете да прочитате

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика

Ким: Русија има право на самоодбрана

Предвремени парламентарни избори на Исланд