Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски дезертираше од отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј

Ковачевски дезертираше од отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград, не сакаше да ги штити националните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Дезертерот Ковачевски единствено што знае е да дезертира кога и е потребен на државата. Ковачевски не беше помеѓу Македонците од Бугарија, тој се откажа од нив. Ковачевски е наследник на Заев кој ги создаде проблемите на Македонија и чија политика на виткање на кичма ја предизвика негацијата на јазикот, идентитетот и историјата“, додаваат во соопштението од опозициската партија.

Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, е наследник на Заев, кој ја извади кованицата еден народ, и еден јазик, кои беа изненадување и за најголемите бугарски шовинисти.

„Ковачевски сега може да види дека ниту тој, ниту Заев се Македонија, и дека штетата која тие ја нанесоа ќе се исправи, но народот нема да заборави како ги рушеа националните интереси“, се посочува во пишаното.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт