Утрински Весник
Свет

Питер Сијарто: Ако Трамп победеше, немаше да има војна во Украина

Питер Сијарто: Ако Трамп победеше, немаше да има војна во Украина
Dik 300x250 mk

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за американската телевизија повика што поскоро да се воспостави мир во Украина и оцени дека војната немаше ни да избие доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп победеше на изборите во ноември 2020 година.

dobivaj vesti na viber

Во интервјуто објавено денеска од One America News Network (OANN), кое е поволно за Трамп, Сијарто рече дека унгарската влада повикува што е можно поскоро да се воспостави мир, да се постигне прекин на огнот и да се одржат мировые преговори во Украина, пренесува унгарски МТИ.

„Не можам да го докажам тоа, но чувствувам дека ако претседателските избори овде во 2020 година се одиграа на поинаков начин, оваа војна можеби немаше да избувне“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Турист загина кај Пантеонот во Рим

Два силни земјотреси во Романија

Трамп сака Кина да „помогне“ во односите со Русија