Кристијано Роналдо го опишал своето враќање на „Олд Трафорд“ како „катастрофално“ во новата книга „Меси VS Роналдо, едно ривалство“, тврди британскиот таблоид „Сан“, објаснувајќи дека тој бил шокиран од недостатокот на инвестиции во тренинг-центарот на клубот, но и од однесувањето на неговите соиграчи.
Според книгата, која излегува од печат следниот месец, Роналдо се пожалил на член на ФИФА на висока позиција посебно за преодниот тренер Ралф Рангник, но и за недостатокот на прогрес во клубот кој го напушти во 2009 година за да направи трансфер во Реал Мадрид. И покрај сите овие забелешки, тој лани во катастрофална сезона за „ѓаволите“ беше најдобар стрелец со 24 гола во 39 меча.
Но, разочарувањето било толку големо што тој од стартот немал доверба во новиот менаџер, Ерик Тен Хаг и затоа се обиде да си замине во летниот преоден рок. Оваа сезона, работите за Португалецот тргнаа уште полошо, откако Тен Хаг му дава ограничено време на теренот, а беше и казнет со тренинзи со У-21 тимот откако одби да влезе во игра на мечот со Тотенхем.
Британските медиуми очекуваат Роналдо да се обиде да замине од „Олд Трафорд“ веќе во јануарскиот преоден рок.
Cristiano Ronaldo dubbed Man Utd return ‘a disaster’ after fuming at team-mates and facilities https://t.co/20icUjRr5L pic.twitter.com/gYWUqZ4hTJ
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) October 29, 2022