Утрински Весник
Свет

Маск откри уште една промена која планира да ја воведе на Твитер

Маск откри уште една промена која планира да ја воведе на Твитер

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, денеска објави дека корисниците на Твитер ќе можат потенцијално да ја изберат верзијата на платформата за социјална мрежа што им се допаѓа со користење на систем за оценување на нивните твитови.

dobivaj vesti na viber

„ Оценката на самиот твит би можела да се избере и потоа да се измени со повратни информации од корисниците“ – објасни Маск.

Тој, исто така, вчера објави дека Твитер ќе формира совет за управување со содржината „со сеопфатни и различни гледишта“.

Маск рече дека нема да бидат донесени големи одлуки за содржината или враќање на претходно блокираните профили додека не се состане Советот.

Откако и официјално стана сопственик на социјалната мрежа по неколкумесечни преговори со акционерите, Маск вчера на Твитер објави дека „птицата е ослободена“ алудирајќи на симболот на оваа платформа.

Можете да прочитате

САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија

Хамнеи ги повика разузнавачките служби да се пресметаат со непријателите дома и во странство