Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеше за македонскиот јазик

(Видео) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеше за македонскиот јазик

Со потпишувањето на Договорот за Фронтекс, на македонски јазик без фусноти, без додавки и објаснувања, направивме историски исчекор во интеграциите кон Европската Унија. Договорот е одобрен од сите 27 членки, а на него, заедно со македонскиот јазик стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција и Бугарија, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека со овој историски чекор, пропаднаа грубите лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, на Левица и Димитар Апасиев.

Каевски истакна дека токму тие со месеци лажеа дека македонскиот јазик ќе биде избришан, организираа насилни протести, навредуваа и се закануваа кон пратеници, а на крајот кога се гласаа заклучоците кои даваат цврста гаранција за македонскиот јазик, избегаа од салата.

Каевски побара од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, на Левица и Димитар Апасиев да им се извинат на граѓаните што со месеци ги лажеа, што организираа насилни протести и ги хушкаа граѓаните да прават инциденти и да им се закануваат на пратеници.

Колку и за нив да е не прифатливо, Северна Македонија ги почна преговорите со ЕУ и тие се водат на официјален македонски јазик признаен од ЕУ, признаен од целиот свет, изјави Каевски.

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба