Утрински Весник
Свет

Трагедија во САД: Осум тела пронајдени во изгорена куќа, меѓу жртвите и четири деца

Трагедија во САД: Осум тела пронајдени во изгорена куќа, меѓу жртвите и четири деца

Осум човечки тела се пронајдени во куќа која изгорела во предградието на американскиот град Тулса, Оклахома, а полицијата го истражува случајот како можно убиство или самоубиство. Меѓу загинатите има и четири деца, како и двајца возрасни кои се сметаат за осомничени, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

Началникот на полицијата Брендон Берихил изјави дека децата биле на возраст од една до 13 години, но не ги идентификуваше ниту ги објасни нивните односи. Тој, сепак, додаде дека зад куќата е пронајдено оружје, пренесе АП.

Шефот на пожарникарската служба Џереми Мур изјави дека нема индикации дека пожарот е причина за трагедијата.

„ Екипите пронајдоа двајца мртви возрасни лица пред куќата со повреди кои се чини дека се од криминална природа, а деца беа пронајдени мртви во друг дел од куќата“ изјави Мур.

Сведоците и рекле на полицијата дека во куќата живеело осумчлено семејство, двајца возрасни и шест деца, но нивните тела се уште не се идентификувани, додаде портпаролот на полицијата Итан Хачинс.

Се вели дека пожарот започнал околу 16 часот во четвртокот во мирното предградие Тулса.

Можете да прочитате

На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца

Израелски комитет го одобри контроверзниот проект за населба на Западниот Брег

Десетици европски земји се подготвени да испратат војници во Украина