Утрински Весник
Економија

BtoBet спроведе крводарителска акција

BtoBet спроведе крводарителска акција

Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен крст на Република Северна Македонија, македонската ИТ компанија BtoBet реализираше доброволна крводарителска акција. Близу 30 вработени од компанијата даруваа крв, од кои некои за првпат, а некои како долгогодишни крводарители со повеќекратни дарувања.

dobivaj vesti na viber

„Дарувањето крв е вистински чин на солидарност и среќни сме што на овој начин можеме да дадеме мал придонес кој некому значи многу. Нашата цел е со оваа крводарителска акција да започнеме традиција на крводарување во BtoBet, но и да ги поттикнеме останатите чинители во бизнис-заедницата, бидејќи веруваме дека заеднички можеме да го помогнеме здравствениот систем и пристапот до крв и трансфузија на оние кои им е потребна“, изјави Љупка Ивановска, координатор за човечки ресурси во BtoBet.

Претставникот на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, доктор Ефтим Димитровски ја поздрави иницијативата на компанијата, нагласувајќи дека широкото и активно учество на заедницата во крводарителски акции го осигурува пристапот до безбедна крв во секое време, што е од суштинско значење за националниот здравствен систем.

Од почетокот на годината BtoBet реализираше повеќе различни активности како дел од компаниските заложби за општествена одговорност. Активностите беа реализирани во соработка со #РетвитниОброк, Црвен крст Македонија преку редовни донации на облека, Kajak.mk преку волонтерска екоакција за пошумување на Бислимската Клисура и со донација на компјутерска и канцелариска опрема за иницијативата „Донирај компјутер“.

„Дарувањето крв е еден од највисоките доброволни чинови на хуманост и солидарност и среќни сме што на овој начин можеме да направиме мал придонес кој некому значи многу.

Можете да прочитате

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Славески до студентите практиканти: „Вие сте дел од иднината на централното банкарство”

Џонсон Мети во Македонија прославува 170 милиони произведени   парчиња