Евакуацијата на цивилите од областа Керсон на југот на Украина е завршена, изјави гувернерот на Крим, Сергеј Аксинов.
„Организирањето на заминувањето на жителите од левиот брег на Днепар во безбедни региони во Русија заврши“, рече Аксинов синоќа на Телеграм.
Украина, која ја предводи офанзивата во регионот по забавувањето на руските сили на други фронтови, овие трансфери на населението ги нарекува „депортации“.
„Среќен сум што оние кои сакаа брзо и безбедно да ја напуштат територијата бомбардирана од украинските вооружени сили успеаја да го сторат тоа“ – рече Аксинов.
Проруски функционер во Херсон во средата изјави дека најмалку 70.000 жители ги напуштиле своите домови за помалку од една недела.
Украинската воена команда во својот дневен извештај за последните 24 часа денеска соопшти дека „продолжила таканаречената евакуација на привремено окупираната територија на регионот Херсон“.